Дури и по шест години од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, една од најнеобичните приказни поврзани со неговиот погреб сè уште предизвикува неверица. Познатиот аргентински фудбалер, кој почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст, беше погребан без срце, а причината не беше исклучиво од медицинска природа.

Оваа информација беше откриена на јавноста во ноември 2021 година од аргентинскиот невролог, доктор и новинар Нелсон Кастро, презентирајќи ја книгата „Здравјето на Диего: Вистинската приказна“, во која детално ги опиша здравствените проблеми на фудбалската легенда, обдукцијата и околностите на неговата смрт.

„Да. Имаше група екстремни навивачи на клубот Гимназија и Есгрима Ла Плата кои планираа да провалат и да му го извадат срцето. Тој план не се оствари бидејќи потфатот беше исклучително сложен“, рече Кастро.

Според неговите тврдења, властите дознале за можноста за таков обид, поради што било одлучено органот да се задржи по обдукцијата.

„Откриено е дека нешто такво може да се случи, па затоа неговото срце беше извадено, меѓу другото, за преглед. Тоа беше многу важно за утврдување на причината за смртта на Марадона“, објасни докторот.

Потоа изговори реченица што одекна во светските медиуми:

„Информацијата е дека Марадона е погребан без срце.“