Дефанзивецот кој сега веќе игра за Јувентус, Матијас де Лихт е прогласен за најдобар фудбалер во првенството во Холандија сезона 2018/19.

На церемонијата за доделување награди во Амстердам каде беа прогласени најдобрите, сите награди им припаднаа на претставниците на Ајакс, кој стана шампион на земјата, а исто така стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Наградата за најдобар млад играч отиде кај Френки де Јонг, кој летово се пресели во Барселона.

Наградата за најдобар стрелец ја поделија Душан Тадиќ (Ајакс) и Лук де Јонг, сега играч на Севилја.