Натпреварот меѓу Оклахома сити тандер и Чикаго булс  ја одбележа вечерта во НБА лигата, но не поради резултатот или неко спектакуларен кошаркаски потег, туку поради масовната тепачка во која учествуваа десетина кошаркари од двата тима, но и членови на обезбедувањето.

Инцидентот се случи на четири ипол минути до крајот на третата четвртина кога дојде до туркање меѓу Расел Вестбрук и Крис Дан. Многу брзо се вклучија Џерами Грант и Робин Лопез, по што ситуацијата ескалира и мораше да интервенира и обебзебдувањето.


Кога страстите се смирија, Лопез беше исклучен од натпреварот, а Вестбрук, Грант и Дан добија технички грешки.

Овој инцидент, го засени трипл-дабл учинкот на Вестбрук кој со 13 поени, 16 скокови и 11 асистенции го предводеше својот тим до победа од 121-96.

Рерзултати од синоќешните натпревари

Оклахома сити – Чикаго  121-96

Детроит – Милвоки  104-107

Њујорк – Феникс  110-128

Хјустон – Јута  102-97

Минесота – Сакраменто  132-105

Сан Антонио – Филаделфија  123-96

Голден Стејт – Мемфис  110-93

ЛА Клиперс – Портланд  127-131