Марко Петровиќ е внук на славниот кошаркар Дражен Петровиќ.Тој раководи со музејот во Загреб а се појавува во филмот за неговиот чичко кој е во подготовка.

 

Поминаа три децении од смртта на Дражен, луѓето секојдневно доаѓаат во музејот и разговараат со толку многу емоции… Не мислев дека е до толкава мера додека не почнав да работам во музејот и не видов како луѓето го ценат. Секој ден учам нешто за него, има мали нешта што ги учам преку YouTube, а најмногу разговарам со татко ми. Многу научив и преку приказните на посетителите, особено од постарите кои го следеа на натпреварите. Како славеше, победи… Несфатливо ми е таква легенда, таков човек да живее во луѓето