Диего Армандо Марадона. Магионичар, легенда, херој на сите Аргентинци, најголем што стапнал на фудбалски терен…
Порталот „The Upshot“ извади дел од најлудите авантури на големиот Аргентинец од периодот кога замина во клубот под Везув.
Диего пристигна во Неапол во 1984 година по контроверзниот период поминат во Барселона. Уште тогаш се шушкаше дека паднал во канџите на кокаинот, дека повеќе внимавал на активностите надвор од теренот отколку на самата игра.
Марадона пристигнува и многу брзо се зближува со толпата. Набргу, од џакузито се појавија фотографии со него и донот на озлогласениот клан Камора, Луиџи Џулијано.
Дури почнаа да кружат гласини дека Марадона шверцувал чист кокаин од Аргентина, кој го носел со фудбалски топки, за своите нови пријатели.
Во меѓувреме Диего сè повеќе тонеше во пороци…
За време на посетата на Ватикан во 1985 година, шмркаше кокаин во приватната бања на папата Јован Павле Втори, а потоа жестоко го критикуваше папата за време на неговиот говор за помош на сиромашните деца.
– Па? Што е тешко? Продавај нешто од овие тавани, другар! Направи нешто! – му викна на папата.
Раководството на Серија А слушна многу за неговата употреба на кокаин, па нарачан е тест за дрога. Марадона успеа да ја измами комисијата за допинг истурајќи ја здравата урина на еден од соиграчите во лажен, гумен пенис и дал да се тестира
Финтата” со лажен пенис поминала еднаш, но не и вторпат. Марадона мораше да поднесе сопствен примерок од урина, а резултатите покажаа дека тој имал доза кокаин во неговиот систем доволна за да убие поларна мечка. Нему му беше забрането да игра фудбал за цели 15 месеци..
Сфаќајќи дека неговиот живот во Неапол завршил, Марадона бега во Буенос Аирес среде ноќ. Тоа би било крај на една ера за секого, но не и за Марадона. Градот остана вљубен во него. Мурали, знамиња и пораки за поддршка никнаа низ цел Неапол.
Така беше кога замина, така беше и кога почина, така е и денес. Стадионот „Сан Паоло“ го смени името во „Диего Армандо Марадона“ по неговата смрт.
Comments are closed for this post.