Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим стана жртва на Евросонг, кој денеска се одржува во Ливерпул, поради што актуелниот шампион на Англија ден подоцна ќе игра на гостински терен против Евертон.
– На крајот на краиштата, не можеме да играме во сабота поради Евровизија или нешто слично во Ливерпул. Понекогаш немаме доволно припадници на безбедносните сили за да обезбедиме два важни настани – иронично изјави Гвардиола
Comments are closed for this post.