На стадионот „Максимир“ е подметнат пожар при што е причинета материјална штета, истакнаа попладнево од Динамо Загреб.
„Ја известуваме јавноста дека во вечерните часови во четвртокот, на стадионот „Максимир“ кај билетарницата е подметнат пожар од непознат сторител, при што е предизвикана материјална штета. Со интервенција на службата за обезбедување, пожарот е изгаснат, а за инцидентот се известени и полицијата и противпожарната служба“, се наведуваат во соопштението на загрепските „модри“