Франзускиот претседател утре е во официјална посета на Хрватска. Во неофицијалниот дел тој ќе се сретне со некогашниот селектор Ќиро Блажевиќ.

Популарниот Ќиро има сериозни здравствени проблеми со најде сили да се сретне со високиот гостин кој исто така го обожува фудбалот.

Ќе му дојдам во тренерки во хотелот „Еспленада“. Сепак Макрон не е прв претседател на Франција со кој се среќавам. Првиот беше Жак Ширак“ – се шегува Блажевиќ.

На вечерата ќе им се придружи и дивата Тереза Кесовија која во седумдсеттите беше многу популарна во Франција/