Македонскиот шампион Шкупи доживеа пораз со 1:2 вчера во првиот натпревар од баражот со Балкани за групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Чаирчани имаа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата на гостинот од Сува Река кој задоволен ќе го чека реваншот на свој терен.
Шкупи прв дојде во водство на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје преку Сандеј Адетунџи во 19.минута. По само четири минути израмни Албион Рахмани, а Меритон Кореница во 67.минута ги постави конечните 2:1.
Реваншот ќе се игра по седум дена во Косово
Comments are closed for this post.