Македонската кошаркарска репрезентација го совлада Косово на гости со 76-73, со што успешно ја почна втората квалификациска фаза за пласман на Европското Првенство во 2021 година. Со овој триумф, нашите најдобри кошаркари им се одмаздија на своите ривали од Косово за минатогодишниот пораз во квалификациите за Светското првенство 2019 година.

Најдобар стрелец во нашите редови беше Бојан Трајковски со 17 поени, веднаш зад него, со 15 поени (пет тројки) беше Дамјан Стојановски, а одлична партија прикажа и Ричард Хендрикс со учинок од 10 поени и 12 скокови.

На домаќините не им помогна тоа што го има најефикасниот на средбата, Дардан Бериша, кој постигна 32 поени.

Побета на нашата селекција е сосема заслужена, иако на крајот за да се дојде до неа беше потребна и малку среќа. Во текот на поголемиот дел од средбата ги контролиравме играта и резултатот, па на помалку од минута до крајот имаше и осум поени предност (73-65).

Сепак, дозволивме на дваесетина секунди до крајот домашните да имаат три слободни фрлања за израмнување. За наша среќа, погодија само едно, по што Војдан Стојановски во следниот напад двапати погоди од линијата за слободни, со што ги постави конечните и победнички за нас 76-73

Следниот натпревар во оваа квалификациска фаза го играме в недела против Романија, којашто гостува во Скопје.