Верувале или не Македонија е во игра за настап на Европското првенство во 2020 година. Она што досега беше невозвожно е остварливо преку Лигата на нации која е создадено токму помалите репрезентации да дојдат до некое големо натпреварување.

Вечерва Македонија си ја исполни задачата, го совлада Гибралтар со 4-0 на празниот „Филип Втори“ и сега ќе ги чека противните во завршната фаза. Првото место во нашата група ни го донесе полуфиналето на домашен терен, но се уште не се знае против кого.

 

Во игра се Косово, Азербејџан и Белорусија.Финалето ќе се игра на неутрален терен за две години.Ова е шанса која нашата репрезентација не смее да ја испушти.