Македонија потешко од очекувањата ја совлада Грција и обезбеди пласман на Европското првенство. Иако нашата репрезентација е за неколку класи подобра, тоа на теренот не се виде, и гостите во поголем дел од мечот се држеа рамноправно. Отпорот на гостите беше скршен во второто полувреме за конечни 27-23.

Она што беше највпечатливо е што изостана големата поддршка од трибините во салата „Парк“ во Струмица. Атмосферата беше коректна и без силно навивање како што сме навикнале да гледаме кога се игра во „Борис Трајковски“.

Сепак, пред почетокот на мечот нашите ракометари со голем жар едногласно ја пееја македонската химна а по завршувањето на натпреварот беше прославена победата и пласманот на уште едно големо натпреварување.