УЕФА  го одобри стадионот во Битола за одигрување меѓународни натпревари од највисок ранг, па на теренот на „Петар Милошевски“ ќе биде одигран и дуелот меѓу младинските репрезентации на Македонија и Италија.

Информацијата денеска ја објави Фудбалската федерација на Македонија, а потврдата на УЕФА отвора можност Битола и во иднина да биде домаќин на елитни натпревари.