Поради фактот што само Белоруското првенство во моментов е во тек, однодно не е откажано, од тамошната федерација јавуваат дека ТВ-правата на преноси на мечевите од шампионатот, сега се исклучително барани.
Голем број фудбалски фанови деновите во карантин го следат белоруското првенство и се обложуваат „онлајн“ бидејќи обложувалниците се затворени поради епидемијата со корона вирусот. За секој случај тука се и првенствата на Никарагва и Таџикистан
„Вакво нешто досега ни се нема случено. Десетина нови држави пројавија интерес да ги пренесуваат нашите мечеви. Претходно имавме голем проблем да ги продадеме ТВ-правата, никогаш не сме биле во ваква ситуација“ – изјави портпаролот на Белоруската федерација Александр Алеиник.
Comments are closed for this post.