Калчолигашот Рома се договори со премиерлигашот Челзи да го донесе напаѓачот Ромелу Лукаку во своите редови како позајмен фудбалер до крајот на оваа сезона, јавија денеска британските медиуми.

Според телевизијата Скај, челниците на Рома, Рајан Фридкин и Тијаго Пинто, изминатиот викенд биле во Лондон за лично да преговараат со претставници на Челзи околу ангажман на белгискиот репрезентативен напаѓач.

Договорот е постигнат, а Рома за услугите на Лукаку ќе плати околу осум милиони фунти.

Лукаку минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Интер, а новиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино објави дека не смета на услугите на белгискиот фудбалер за оваа сезона