Словенецот Лука Дончиќ, продолжува да испишува историја во својата прва сезона во НБА лигата.

На натпреварот против Сакраменто, 20-годишниот Дончиќ, дојде до својот седми трибл-дабл, со што се изедначи со легендарниот Меџик Џонсон како трет дебитант со најмногу трипл-дабли во историјата.

На таа листа пред Дончиќ и Меџик се само Бен Симонс со 12 и Оскар Робертсон со 27 натпревари на кои остварил трипл-дабл учинок.

Истовремено, Дончиќ се изедначи на врвот на листата на кошаркари со најмногу трипл-дабли пред да наполни 21 година.


Словенечкиот кошаркар натпреварот го заврши со 28 поени, 12 скокови и 12 асистенции, што сепак, не беше доволно за Далас да го избегне поразот од 121-125.

Резултати од синоќешните натпревари:

Далас – Сакраменто  121-125

Шарлот  – Сан Антонио  125-116 (прод.)

Кливленд – Бостон  106-116

Торонто – Чикаго  112-103

Милвоки – Хјустон  108-94

Минесота – ЛА Клиперс  111-122

Денвер – Детроит  95-92

ЛА Лејкерс – Вашингтон  124-106

Мајами – Орландо  99-104

Њу Орлеанс – Атланта  120-130