Луис Хамилтон победи на трката за големата награда на Русија и ова е негова деветта победа сезонава во Формула 1.
Откако трки од Формула 1 шампионатот се возат на новиот автодром во Сочи, од 2014 година наваму, секогаш победуваат пилоти на Мерцедес. Втор беше Валтери Ботас, исто така од Мерцедес, а Шарл Леклер од Ферари беше трети.
Се чинеше дека Ферари со Леклер на пол-позиција и Себастијан Фетел по одличниот старт се на добар пат да ја прекинат доминацијата на Мерцедес во Сочи, но сивите болиди први минаа низ целта.
Во 28-от круг, на Фетел му се случи голем малер, тој мораше да се откаже, иако дотогаш имаше одличен старт по кој водеше во голем дел од трката. На Леклер му остана да се бори за второто место и да спречи „еден-два“ победа на Мерцедес, но не успеа.
Comments are closed for this post.