Дека љубовта е посилна од прерасудите доказ се манекенката и фудбалерот Берат Џимишти. Во нивната љубов не би имало ништо чудно ако не е тоа што Алиса е Србинка а Берат Албанец.
Двајцата живеат во Швајцарија и пред неколку години беа во врска која морале да ја прекинат поради пристисокот од страна на фамилијата на Алиса.
Но, од пред неколку недели тие повторно се заедно и новогодишните празници ги минаа во Дубаи. Алиса е редовна на трибините во Цирих каде настапува Берат а тој пак е во првите редови на модните ревии на неговата сакана.
Comments are closed for this post.