Ливерпул ќе се обиде да влезе во историјата на англиската Премиер лига како првиот тим со седум победи од првите седум натпревари во сезоната.  Досега Ливерпул имаат 18 поени од 6 натпревари, откако го делат рекордот во овој поглед со Манчестер Сити од минатата кампања, Челзи од 2009/10 и 2005/06 и Њукасл на Кевин Киган од 1994/95 – сите овие тимови собрале толку поени на почетокот на шампионатот. Задачата на Јирген Клоп сепак никако не е лесна, бидејќи против себе го има токму Челси, а ова ќе биде второ дерби оваа недела помеѓу двата тима, кои се состанаа во средата во Лига Купот. „Сините“ од Лондон си заминаа со успех од „Енфилд“ по одличниот гол на Еден Азари за 2:1, а сега ќе ја имаат удобноста на сопствениот стадион „Стемфорд Бриџ“.