Фудбалерот од средниот ред на швајцарската репрезентација и Баер Леверкузен, Гранит Џака, е на „радарот“ на италијанските гиганти Интер, Јувентус и Милан.
Швајцарскиот интернационалец го носи дресот на Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра. Претходно настапуваше и за Базел и Борусија Менхенгладбах.

Италијанските медиуми посочуваат денеска дека Џака нема ништо против преселба во Серија А, а Јувентус е главен фаворит за неговиот потпис.
Како заинтересирани за трансфер на Џака се споменуваат и градските ривали Милан и Интер.
Џака има одиграно рекордни 137 натпревари во дресот на швајцарската репрезентација и постигна 14 голови