Ниту еден натпревар меѓу вечните ривали Партизан и Црвена звезда не може да мине без инциденти. Денешниот, за среќа се случи надвор од стадионот. Кога навивачите на Партизан, популарните „Гробари“ одеа накај Маракана, се степаа со полицијата.
Тепачката се случи кај населбата Автокоманда, а летаа шишиња и камења. Причината, како што велат навивачите, е што не ги пуштале побрзо да се упатат кон стадионот.
Comments are closed for this post.