Тренерот на Барселона, Роналд Куман по синоќешната победа над Реал Сосиедад со 2:1 во Шпанското фудбалско првенство, рече дека неговиот тим ќе се врати на табелата, онаму каде што е вообичаено за нив.

– Со таква посветеност и игра, ќе се вратиме таму каде што треба да бидеме на табелата. Барселона денес ја имаше својата најдобра партија оваа сезона. Ја контролиравме топката и совршено притискавме. Заслуживме да победиме, изјави Куман.

Барселона е на 5. место во поредокот во Шпанија со 20 бода од 12 натпревари