Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Вимблдон за прв пат во својата кариера. Во финалето, првиот рекет го победи Карлос Алкараз, вториот на АТП листата, со 3:1, во сетови 4:6, 6:4, 6:4, 6:4.

Натпреварот траеше три часа и четири минути. Ова беше четвртиот Гренд Слем трофеј во колекцијата на Јаник Синер, додека Алкараз остана на пет. Синер, исто така, ја прекина серијата од два последователни трофеи на Алкараз на Вимблдон. Ова беше првиот пораз на Карлос Алкараз во финалето на кој било Гренд Слем турнир.