Леброн Џејмс првпат по заминувањето во редовите на Лос Анџелес лејкерс се врати во Кливленд, неговиот роден град и тимот на кој му ја донесе единствената титула во НБА лигата во 2016 година.

Тој негов придонес за успехот на Кливленд, беше награден од навивачите и од управата на клубот од каде му подготвија видео со најдобрите од моменти од престојот и настапите на Џејмс во дресот на Кливленд на пат кон титулата, но и од неговата интеракција со навивачите.


На таквото внимание, Џејмс одговори со уште една од своите препознатливи одлични перформанси и мечот го заврши со речиси трипл-дабл од 32 оени, 14 скокови и седум асистенции. Тие бројки беа доволни за „езерџиите“ да дојдат и до триумф од 109-105, со што се наоѓаат на седмото место во Западната конференција.

Резултати од синоќешните натпревари

Кливленд – ЛА Лејкерс  105-109

Филаделфија – Њу Орлеанс  121-120

Бостон – Њујорк  109-117

Хјустон – Детроит  126-124

Милвоки  – Портланд  143-100

Минесота – Денвер  101-103

Голден Стејт – Оклахома сити  95-123

Шарлот – Индијана  127-109

Атланта – Торонто  108-124

Чикаго – Феникс  124-116

Далас – Бруклин  119-113

Сан Антонио – Мемфис  103-104

Јута – Сакраменто  110-119