Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ кој од Реал Мадрид позајмен настапува за Челзи вели дека лесно може да се случи да остане дел од премиерлигашот. Ковачиќ не негира дека може да се случи и ндегов официјален трансфер во Лондон.

За сега среќен сум овде. Градот е неверојатен. Клубот е еден од најдобрите во светот. Моите соиграчи се одлични. Го почитувам Реал но морам да размислам да останам овде. Секако морам да го почитувам договорот за сега моја работа е да давам се од себе на теренот, вели одличниот фудбалер од средниот ред.