„Блескаме во светот, нема зошто да поднесам оставка“, велеше поранешниот премиер Зоран Заев кога веќе беше на крајот на своето владеење. „Блескањето“ благодарение на мудрецот од Муртино на меѓународен план, најпрво со Грција, а потоа и со Бугарија, продолжува и на спортски план. По името на државата, јазикот и историја, на ред дојде и знамето.
Па така, на европското првенство во ракомет во Германија, на нашите навивачи им беше забрането да го внесат македонското знаме.За наредите со северномакедонци“, „северномакедонска храна“ северномакедонска репрезентација“ и да не говориме. Сепак Македонците не би биле Македонци ако не се снајдат и да го внесат на трибините нашето знаме со сонцето.
Најновото понижуваме дојде од Австралија.На овој континент има најмногу Македонци во дијаспората, околу 200.000.
Е тие Македонци досега не се побунија што на трибините во Мелбурн каде се одржува Австралија опен е забрането македонското знаме. И тоа не само државното , туку и она со сонцето од Кутлеш. Нашето знаме е во друштво со знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван.
Затоа нашите од „Острелија“ наместо да даваат 20 долари во родниот крај подобро ќе биде да побараат официјално објаснување од организаторите на турниот зошто македонско знаме е меѓу забренетите.
Реакција од власта на ДУИ и СДСМ во Скопје и од Амбасадата во Канбера која е под контрола на Бујар Османи и не очекуваме.
Comments are closed for this post.