Синиша Михајловиќ денеска не беше на клупата на Болоња на гостувањето во Бреша. Тоа се одрази на теренот и домаќините имаа предност од 3-1 на полувремето. Мечот тој го гледаше од болница каде се лечи од леукемија.
Но, тоа не го спречува и од болница да командува со екипата. Веднаш што играчите на полувремето влегле во соблекувалната тој се јавил на еден од помошниците им рекол да го уклучи „спикерфонот“.
Тогаш настанало вистинско „рибање“ и дерење од страна на шефот за лошата игра. Ефектот беше видлив бидејќи Болоња го сврте резултатот и победи со 3-4.
Comments are closed for this post.