Срѓан Захариевски од завчера не е повеќе шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Веста ја објави клубот на Твитер.

Тој беше третиот тренер на црвено-црните оваа сезона. Новата сезона Вардар ја стартуваше со Горазд Михајлов кој ги водеше од средина на минатата, а на 19 август беше назначен Горан Петрески.