Среде лето Олександр Онишченко, Украинец со богато корупциско досие кое содржи и влијание со дезинфомации врз американските избори, бил во Македонија и ветувал дека ќе донесе олипмиски медал, се открива во новата „КОД“. За емисијата од Македонскиот олимписки комитет велат дека барањето за државјанство е поднесено пред две години кога спортското досие му било чисто, а немало информации за други контроверзи околу него.
Од АНБ вината ја посочија кон еден началник преземен од поранешната УБК, но, КОД во своето вечерашно продолжение укажува на можните грешки на тајната служба и што можеле агентите на АНБ да сторат за да се осигураат во проверката на безбедносниот профил на коњаникот Онишченко.
Comments are closed for this post.