Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по поразот од Барселона во првиот натпревар во полуфиналето од Лигата на шампионите, го забележа изведувањето на слободниот удар на Лионел Меси.

Аргентинецот во 82.минута со удар од триесетина метри го постави конечниот резултат на средбата.

Меси неверојатно го изведе слободен удар. Но, очигледно е дека не можеме да се браниме само од еден играч сите 90 минути. Ова е факт, додаде Клоп.