Ќерката на поранешниот португалски фудбалер, Луис Фиго и шведскиот модел Хелен Сведин, Даниела, почна да се истакнува во светот на модата.
Даниела направи фото-сесија за модниот магазин „Фешн“ на која покажа дека одлично се снаоѓа следејќи ги стапките на својата мајка.
Сепак, иако нејзиното појавување пред модните камери најавува дека таа има огромен потенцијал како модел, 19-годишната Даниела останува посветена на студиите по биомедицина што ги посетува на универзитет во Лондон.
Comments are closed for this post.