Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески потпишаа договор за соработка во проектот за изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Според проектот, предвидено е трибината да има капацитет од 1.480 седишта, од кои во централниот дел ќе бидат ВИП местата, а предвидено е да има коментаторска кабина и простор за телевизиски камери.
Во долниот дел од трибината предвидени се административните простории, соблекувални, простории за официјални лица, за допинг контрола и за лекарски прегледи, како и други придружни простории
Comments are closed for this post.