Црвена Ѕвезда денеска игра меч со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Овој меч за постарите љубители на фудбалот буди посебни емоции и не можат а да не се сетат на славниот дуел од 1991 година кога црвено-белите на тогашниот Олимпски стадион ги совлада Баварците со 1-2 со головите на Савичевиќ и на нашиот Дарко Панчев.

Но, сега работите се целосно променети, се игра на Алијанц арената а Баерн е апсолутен фаворит.

Сега во улога на Панчев е Милан Павков, центарфорот кој може да биде играчот што ќе ја затресе мрежата. Тренерот на Ѕвезда, Милојевиќ вели дека ќе го дадат максимумот а дали тоа ќе биде доволно ќе се види вечерва од 20 и 45.