Напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Полска, Роберт Левандовски е најдобар стрелец во годинава што изминува со постигнати 54 погодоци.
На второто место во оваа статистичка категорија се најде Лионел Меси (Барселона/Аргентина) со 50 голови.
Во првите пет се уште и: Килјан Мбапе (ПСЖ/Франција) – 44, Рахим Стерлинг (Манчестер сити/Англија) – 41, и Еран Захави (Гуангжу Фули/Израел) – 40.
Шпанска „Марка“ во предвид ги земеа погодоците постигнати на домашна и меѓународна сцена за време на клупските и репрезентативните настапи..
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 39 гола (25 за клубот и 14 за репрезентацијата на Португалија) беше само шести. Ова е неговата најнеефикасна година во последната деценија
Comments are closed for this post.