Шпанската легенда Икер Касиљас денеска замина од болницата каде престојуваше по добиениот срцев удар пред пет дена. Триесет и седум годишниот голман им се заблагодари на лекарите и на сите што го поддржаа во овој тежок период.
„Сакам да се заблагодарам за илјадниците изјави за поддршка упатени кон мене. Ќе морам да почекам неколку недели или неколку месеци. Не знам што носи иднината, но најважно е да бидам тука и да може да зборувам смирено“, рече Икер.
Comments are closed for this post.