Фудбалерите на Црвена звезда денеска ремизираа 3:3 против Партизан на својот стадион, во рамките на 24. коло од српската Суперлига.
„Црвено-белите“ пред овој меч имаа 21 бод предност пред вечниот ривал во поредокот и беа големи фаворити на овој меч, но на крајот не успеаја да ја оправдаат таа улога во спектакуларното 175. вечно дерби, едно од најдобрите во поновата историја. Нема сомнеж, фудбалерите од белградските клубови ни приредија спектакл за паметење.
Comments are closed for this post.