Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е задоволен од изданието на неговиот тим на натпреварот со Барселона синоќа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Нероазурите“ одиграа 3:3, а водеа со 2:0 и 3:2.

– Видовме фантастичен натпревар и знаевме колку е тешко полуфиналето. Можеме дури и да победиме денес. Навистина ми се допадна влијанието на нашите замени врз играта денес. Навивачите на Интер знаат дека во овој тежок момент дадовме максимум. Имавме одлични моменти, но имаше и опасности кон нашиот гол. Се соочивме со одличен тим на гостински терен. Реваншот во Милано ќе биде еден вид финале, изјави Инзаги.

Возвратниот натпревар тимовите ќе го одиграат во Милано во вторник на 6 мај.

Во другата полуфинална двојка од елитното фудбалско натпреварување, ПСЖ има предност од 1:0 против Арсенал по првиот дуел.