За фудбалот обично се вели дека ги спојува народите, но во конкретниот случај ги разделува во буквална смисла на зборот.
Оваа неверојатна приказна ни доаѓа од Босна и Херцеговина, во местото Босанска Костајница. Таму постои еден локален клуб што носи славно име ФК Партизан. Но неговиот стадион се наоѓа во две држави. Да добро прочитавте, во две држави, во БИХ и во Хрватска.Кога со последната војна се цртале границите, поголем дел од стадионот му припаѓа на Босна и Херцеговина а помал дел на Хрватска.
Вистински проблем имаат гледачите кога во недела ќе дојдат на натпревар мораат да поминуваат строги контроли во завиност од тоа дали трибината на која седат е во едната или во другата држава.
Ова го има само на Балкан, зарем не?
Comments are closed for this post.