Акциите на фудбалскиот великан Јувентус паднале поединично за 0,28 евра по болната елиминација од Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Пред реваншот со Ајакс во Торино цената на една акција на клубот изнесувала 1,69 евра, но после поразот од 2:1 паднала на 1,41.
Тоа е најголемиот пад во последно време, дури појак откако Јувентус изгуби од Атлетико во Мадрид (2:0), пред во реваншот да победи со 3:0 и да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа.
Пад на акциите придонесе и тоа што „Старата дама“ остана без дополнителната награда од 13 милиони евра, односно дури 33 милиони во случај да ја освои Лигата на шампиони.
Comments are closed for this post.