Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус се соочува со резултатска криза. Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри синоќа одиграа нерешено 2:2 со Салернитана во 6. коло од Серија А.  Ова е четврто реми за клубот од Торино во последните 6 натпревари, имаат и една победа и еден пораз во овој период.

Последен пат „бјанконерите“ победија на 31 август во мечот со Специја (2:0).

Следниот натпревар Јувентус ќе го игра на 14 септември против Бенфика во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите