Со головите на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал, Манчестер јунајтед денес го победи Вотфорд со 2:1 во 32.коло од Англиското фудбалско првенство.

И за Рашфорд и за Марсијал ова беше 10-ти нивни погодок во тековната сезона.

Покрај нив сезонава двоцифрен број голови имаат постигнато уште и Пол Погба (11) и Ромелу Лукаку (12).

Ова е прв пат по 23 години четири играчи на Манчестер јунајтед да имаат постигнато барем 10 гола во шампионатот. Претходното тоа се случи сезоната 1995/96: Пол Сколс (10 гола), Енди Кол (11), Рајан Гигс (11) и Ерик Кантона