Хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ демантира оти во некогаш има изјавено дека би убивал Срби. Веднаш по назначувањето за тренер на Новак Ѓоковиќ му извадија интервју за „Њујорк тајмс“ од 1993 година за време на војната во Хрватска во кое тој наводно вели дека би сакал пред неговиот митралез да се наоѓаат Срби.

Тој објасни за што всушност се работело.

Ми дадоа полуавтоматска пушка да погодувам мети.Ништо не погодив. После новинарите ме прашааа како било и јас реков дека би било добро наместо метата да беа навивачите кои претходно ме навредуваа. Но, новинрот тоа погрешно го пренесе. Мојата изјава се однесуваше на навицачите кои ме излудуваа и кои ми ја навредуваа мајка му-објасни Горан.

 

Повторува дека се што кажал рекол во афект.

Никого не сум убил нуту пак сум мислел да убијам-додава Иванишевиќ.