Италија на секако начин се обидува да стане дел од Светското првенство на кое нема да игра поради нашата репрезентација. Амбасадорот на Италија во Обединетите нации, Маурицио Масари, испратил писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тој побара Иран да биде исфрлен од Светското првенство затоа што и помогна на Русија Италијанците како европски шампиони се надеваат дека ќе го исфрлат Иран.
Сметаат дека треба да добијат место на Светското првенство. Италијанците само го продолжија тоа што го прават со месеци, само што сега се обидуваат да го поминат Мундијалот преку грбот на другите репрезентации.
Претходните месеци лобираа низ светот и бараа суспензија на Еквадор, поради наводни малверзации со фудбалери, за да го заземат неговото место и да заминат во Катар.
Без разлика на сè, ФИФА остана доследна дека стигнувањето до Светското првенство се базира исклучиво на заслуги на теренот, а не надвор од него. Во случај ФИФА да ја донесе можеби најскандалозната одлука во својата историја, правилата на Светското првенство се јасни.
Правилникот вели дека во случај на исфрлање, Иран може да биде заменет само со земја од истата фудбалска конфедерација, а во овој случај тоа е селекцијата на Обединетите Арапски Емирати.
Comments are closed for this post.