Интер го освои италијанскиот Суперкуп трета година во низа. Во финалето на турнирот, „нероаѕурите“ синоќа во Ријад, го победија Наполи со 1:0. Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинез во судиското надополнување во второто полувреме.
Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред, подвиг што претходно го постигна само Милан помеѓу 1992 и 1994 година.
Вкупно Интер има 8 победи на турнирот. Само Јувентус почесто го освојуваше трофејот – торинскиот тим 9 пати го освојуваше Суперкупот.
За тренерот на миланскиот тим, Симоне Инзаги ова беше рекорден петти трофеј ( три пати со Интер и два пати со Лацио) во италијанскиот Суперкуп. Симоне ги надмина Марчело Липи и Фабио Капело кои имаат по 4 победи.
Воедно, 47-годишниот Инзаги во својата трета сезона во Интер го освои петтиот трофеј. Откако тој го презеде тимот во јуни 2021 година, „нероаѕурите“ двапати го освоија Купот на Италија и три пати го освоија Суперкупот.
Comments are closed for this post.