Шпанија е првата селекција по Шведска која успеала да ја одбрани титулата на Европското првенство. „Црвената фурија“ во финалето ја совлада Хрватска со 22-20 (12-11) и ја спречи да дојде да првиот златен медал на овие натпреварувања.
Во „Теле 2“ Арената двате селекции одиграа одличен натпревар, нијанси го одлучија победникот. Во финишот, Карачиќ направи чекори, додека на другата страна стигна казната.
Гомез со пет гола беше прв стрелец, Де Варгас имаше осум интервенции, на другата страна Дувњак имаше исто толку погодоци
Comments are closed for this post.