Столе ти си наша икона,извикуваа синоќа навивачите. По мечот Стоилов најави повлекување од репрезентацијата што низ солзи го прими селекторот Лазаров.
– Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со гордост го носев овој дрес. Има многу играчи што треба да се набројат. Ќе почнам со Кире, ти благодарам за сЕ што направивме и не направиме. Тука е и Жути (Миркуловски) кој го остави здравјето настапувајќи за репрезентацијата. Оваа моја одлука е поради тоа што веќе чувствувам дека телото не ги издржува овие напори. Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за Македонија, изјави Стоилов.
Од друга страна пак Филип Талески беше еден од најдобрите синоќа и самиот барал да влезе во игра во клучните моменти.
Изгинавме за навивачите, Македонија го продолжува континуитетот да настапува на големите натпреварувања. Не постоеше страв, кога со Миркуловски влеговме во игра на крајот, бев сигурен во себе. Всушност, побарав од Кире да ме стави во игра на крајот и постигнавме гол. Потоа, Миркуловски со својата пожртвуваност додаде до Јагуриновски кој имаше одличен меч и Кузмановски погоди и го заврши својот перфектен меч. Верувавме во победа, знаевме дека нема да биде лесно, но хероите се познаваат кога е најтешко, – изјави Талески.
Comments are closed for this post.