Малкумина знаат дека Ерлинг Халанд е вљубен во автомобилите. Англиските медиуми открија дека тој викендов се почастил со ново милениче. Имено, станува збор за луксузен теренец Rolls-Royce Cullinan Lux SUV.
Тој дојде со него на последниот тренинг со овој теренец кој чини 320.000 евра!
Кулинан го доби името по најголемиот дијамант во светот. Но, моќниот теренец на Rolls-Royce не е единствениот скап автомобил за напаѓачот од светска класа.
Халанд има и Audi RS 6 Avant и Range Rover Sport (минимална цена од по 140.000 евра). За време на неговиот престој во Борусија Дортмунд, тој возеше и Mercedes-AMG GLE Coupe (околу 100.000 евра).
Comments are closed for this post.