Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас испратија честитки за грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо, кој беше избран за најкорисен играч во НБА, јави дописничката на МИА од Атина.
Ги направи и ги правиш горди Грците, не само со твојот уникатен пример, туку и со твојот врвен морал, пишува во честитката од грчкиот претеседател, Прокопис Павлопулос.
Грчкиот премиер на Адетокунбо му честиташе преку неговиот официјален Твитер профил.
Утрово беше испишана значајна страница во историјат на грчката кошарка. Едно наше дете, со потекло од Нигерија беше избано за најкорисен играч во врвната лига во светот. Јанис Адетокунбо е МВП на регуларната сезона во НБА.МВП се и неговите блиски кои веруваа во него и го поддржаа. МВП се сите деца кои се родија и пораснаа во нашата земја и кои независно од потеклото сонуваат заподобра иднина. Честитки, Јани, му носиш голема радост на целиот народ, напиша грчкиот премиер на неговиот официјален Твитер профил.
Преку Твитер, на популарниот „greek freak“ му честиташе и лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Големо признание за еден значаен спортист, но пред се за еден прекрасен човек кој не заборава од каде започна. ‘Greek freak’ нѐ правиш горди, напиша Мицотакис на Твитер.
Comments are closed for this post.