Натпреварот меѓу Грција и Косово во Лигата на нации го одбележаа многубројни инциденти.Грција славеше убедливо (2:0), но резултатот беше во сосема поинаков план поради се што се случуваше на трибините.
Стотина поддржувачи на Косово во живо го следеше натпреварот на стадионот во Волос, а грчките навивачи се погрижија нивното гостување да биде „незаборавно“.
За време на интонирањето на химната на стадионот одекнуваа жестоки свирежи, а на трибините се вееја бројни српски знамиња. Ова ги разбесни косовците, па почнаа кавги и провокации на трибините. Напаѓачот на Косово Муричи побара од судијата да го прекине натпреварот но тоа не беше прифатено.
Comments are closed for this post.