Грчките медиуми велат дека мечот Црвена звезда и Олимпијакос е наместен. И покрај тоа што двата клуба важат за „братски“, според грчка „Газета“ има индиции дека постоеле матни работи.

Тука пред се мислат на судијата Бастиљен од Франција кој според Грците намерно го исклучил Бензија, а истото не го сторил кон Марин.

Причина за тоа е според Грците, традиционалното пријателство помеѓу Србите и Французите кое овој пат било на штета на грчкиот тим. Инаку мечот заврши 3-1 за домаќините иако гостите водеа на полувреме.